Понекогаш се чини како вашите пријатели, семејство и колеги имаат родендени во ист период. Ова е кошмар, особено за вашиот паричник.
Но, всушност, најчестиот датум за родендени е 26 септември. Топ-10 најпопуларни родендени во текот на изминативе 20 години се на крајот од септември и почетокот на октомври, вели Канцеларијата за национална статистика објавена во 2015 година.
На 29 февруари има најнизок број на раѓања во период од 20 години - бидејќи датумот го има само еднаш на четири години.
Зошто баш 26 септември?
Затоа што 9 месеци претходно се Божиќ и Нова година. А врвот на раѓања кон крајот на
септември покажува дека многу повеќе бебиња се зачнати во неделите после Божиќ отколку во кое било друго време од годината.
Другата причина е тоа што луѓето планираат да имаат деца на почетокот на учебната година.