X
 07.06.2018 Живот

Македонија и Бугарија споени поради една крава

Британската страница „Сан“ ја пренесе веста за веќе славната бугарска крава Пенка, која од Бугарија влегла во Србија и сега мора да биде убиена, согласно правилата на ЕУ.

Материјалот е илустриран со фотографии од кравата и нејзиниот сопственик, како и со мапа на која љубопитните Британци можат да видат каде се одвивала драмата. На мапата се гледаат земјите од регионот и се означени Србија, Албанија, Косово, но не и Македонија. Нашата земја едноставно е ставена во границите на Бугарија.

Фото: The Sun (screenshot)

Грешката е направена во статија за кравата Пенка, чија судбина ги возбуди Европејците, а целта на мапата е да се покаже каде кравата ја преминала границата со Србија. Пенка мора да биде убиена затоа што е во земја која не е членка на ЕУ, но голем број институции се борат за неа.

Ветеринар рече дека кравата е во добра здравствена состојба по враќањето, но службениците велат дека таа може да рашири болести и дека мора да ги следат стриктните закони за движењето на домашните животни.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот