15.06.2020
Здравје
Ковид-19: 103 новозаболени, 13 оздравени, пет града во Македонија без заболен
Нови 103 заболени пациенти од Ковид-19, петмина починати и 13 оздравени се регистрирани во изминатите 24 часа, соопшти Министерството за здравство. Направени се 841 тестирање. Ова се новите случаи, регистрирани по градови: Скопје - 46, Куманово - 6, Штип - 6, Прилеп - 2, Тетово - 17, Струга - 9, Велес - 3, Битола - 1, Охрид - 3, Кавадарци - 1, Гостивар - 1, Струмица - 1, Свети Николе - 1, Ресен - 6.
Од оздравените пациенти десет се од Скопје, двајца од Прилеп и еден од Тетово.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починал пациент од Куманово (80 г.), хоспитализиран на 5 јуни. На Клиниката за гастроентерохепатологија починала пациентка од Скопје (74 г.). Во ГОБ „8 Септември“ починале две лица од Скопје - пациентка (73 г.) примена на 11 јуни и пациентка (45 г.) примена на 2 јуни. Во КБ-Тетово починал пациент од Тетово (65 г.) хоспитализиран на 6 јуни.
Вкупната бројка на дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 4.157, од кои оздравеле 1.723, починале 193 пациенти, а во моментот болни се 2.241. Ова се бројките на вкупните и на активните случаи по градови:
- Скопје 1.900, активни 1.239
- Куманово 645, активни 225
- Дебар 61, активни 10
- Штип 244, активни 202
- Прилеп 230, активни 20
- Тетово 429, активни 253
- Струга 136, активни 58
- Велес 153, активни 30
- Битола 34, активни 7
- Охрид 72, активни 54
- Кавадарци 7, активни 2
- Гостивар 69, активни 44
- Гевгелија 8, активни 4
- Струмица 9, активни 6
- Крива Паланка 10, активни 4
- Радовиш 4, активни 0
- Крушево 3, активни 0
- Кочани 55, активни 24
- Пробиштип 11, активни 9
- Демир Хисар 1, активни 0
- Македонски Брод 3, активни 1
- Пехчево 5, активни 2
- Берово 2, активни 1
- Валандово 4, активни 3
- Виница 3, активни 0
- Делчево 1, активни 0
- Кратово 3, активни 1
- Свети Николе 10, активни 9
- Кичево 3, активни 1
- Ресен 25, активни 24
- Неготино 17, активни 8 (*9 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)