X
 07.06.2018 Наука

НАСА најави откритие: Што „Кјуриосити“ открил на Марс?

НАСА најави дека вечерва во 19 часот ќе ги претстави новите научни резултати што произлегуваат од нејзиниот ровер „Кјуриосити“ на Марс.

rover
Фото: NASA


За време на расправата  што ќе се пренесува во живо на интернет-страницата на НАСА, гледачите ќе можат да поставуваат прашања на социјалните мрежи и да учествуваат во расправата.

Уште сега интернет-корисниците даваат претпоставки што НАСА би можела да објави, а да е толку важно.

За потсетување, мисијата на НАСА на Марс трае од 2012 година, а нејзиното возило „Кјуриосити“ собира примероци од земјата и камењата во потрага по траги од живот и вода на Црвената Планета.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука