Роверот „Персевиринс“ на американската вселенска агенција НАСА минатата недела снимил видео на кое се покажува Фобос, една од двете природни месечини на Марс, како поминува пред Сонцето.
Од вселенската агенција изјавиле дека видеото ќе им помогне на научниците подобро да ја разберат орбитата на оваа природна месечина и начинот на кој гравитацијата на Марс ја привлекува кон планетата.
Според НАСА, научниците веќе знаат дека Фобос ќе удри во Марс во иднина. Ова треба да се случи за десетици милиони години. Но набљудувањата на движењето на Фобос во последните децении им помогнале на научниците подобро да го разберат бавното движење на природниот сателит.
Добрата вест е што ударот нема да биде во блиска иднина, па затоа НАСА продолжува со плановите за испраќање луѓе на Марс.
Извор:
Futurism
Насловна фотографија: NASA/
Wikipedia