Фото: YouTube/Screenshot
Голем леден брег завчера се оддели од леден гребен. До одделувањето на ледениот брег дошло помеѓу 10 и 12 јули.
Британските научници што го проучуваат овој процес истакнаа дека ова подрачје и самиот леден брег се непознати, а загрижува што „Ларсен Ц“ може да се сруши, што би предизвикало подигнување на нивото на морето.
За научниците, ова случување е само еден дел од расправата за случувањата на Антарктикот и влијае врз растечките температури и човечката активност.
Истражувачот Тед Скамбос од Националниот центар за податоци за снегот и мразот во Колорадо, одделувањето на ледениот брег го наведува како пример, па смета дека половите може во голема мера да се променат за само неколку децении.
„Не постои сомневање дека промените и затоплувањето се предизвикани од климатските промени, но како точно дошло до овие промени, сè уште е мистерија“.
На прашањето дали ова ќе влијае врз подигнувањето на нивото на морето, Скамбос одговара дека дефинитивно нема, но доколку во наредните неколку години ледениот брег почне да се топи побрзо, ќе забележиме промена во нивото на морето.
„Настаните на Антарктикот имаат големи последици за нас, но тоа да случеше на некој друг дел од планетата, ќе беше сериозен проблем“, вели тој.
„Ова промена е голема, но не е ниту во најголемите десет од 60-тите години. Многу е важно кога се одделуваат последните делови од глечерите. Тоа го видовме неколку пати, далеку на север, но оваа област сè уште е безбедна“, вели
Скамбос.