X
 31.10.2015 Наука

Археолозите го пронајдоа најголемото откритие за оваа година

брод

 

Додека го истражувале грчкиот архипелаг Фоурни, археолозите од грчката наутичка фондација наишле на она што се опишува како „џекпот“ и за што Дискавери смета дека би можеле да бидат остатоци од антички брод.


„Урнатините се буквално насекаде“, вели претставникот на грчкиот археолошки тим, Питер Кембел и додава дека сите биле шокирани со откритието бидејќи очекувале дека ќе најдат три или четири бродови.

Наместо тоа, археолозите пронашле остатоци од дури 22 бродови и тоа на само 17 квадратни милји на островот во Егејското море.


Ова беше првата подводна археолошка експедиција на оваа област за која се верува дека била дел од овој голем коридор за бродска испорака.

Археолозите пронашле остатоци кои датираат од пред 700 години пред новата ера заедно со товарот кој го транспортираат.

Кембел изјави дека ова откритие може да им помогне на историчарите подобро да ја сфатат трговијата во античка Грција напоменувајќи дека голем број на остатоците укажуваат на тоа колку сообраќај имало во коридорот.

Дискавери известува дека тимовите истражиле само 5% од брегот, а планираат наскоро да се вратат со подводни роботи за да направат подетална анализа.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука