Секоја година, магазинот „Monocle“ го објавува Индексот за квалитетот на живот кој нуди листа на 25 градови низ светот кои постигнале одреден баланс. Со овој баланс животот во овие земји е ослободен од типичните оптоварувања и е инспиративен за локалните жители и посетители.
Од градовите кои се најдоа на првите 10 позиции, дури 5 се наоѓаат во Европа, а останатите пет во Азија и Пацификот. Секако, на листата нема ниту еден балкански град.
Според ова истражување најдобриот град за живот е Токио. После него следуваат Берлин, Виена, Копенхаген и Минхен. Параметрите кои ги користи истражувањето исклучиво се однесуваат на животниот стандард во градовите и мислењето на жителите, а главните фактори ги вклучуваат безбедноста, здравствениот систем, образованието, стапката на криминал, можноста за забава и квалитетот на јавниот превоз.
Ова се најдобрите 25 градови: