X
 07.07.2017 Живот

Зошто пуштањето клима веднаш штом ќе влезете во автомобилот е штетно за здравјето?

Клима-уредите во автомобилот се вистински спас од високите температури и летните горештини, меѓутоа, под услов соодветно да се користат.

За еден ден, во автомобилот може да се насоберат од 400 до 800 мг бензол, токсин кој предизвикува рак. За работата да биде полоша, на температура повисока од 15 Целзиусови степени, нивото на бензол достигнува од 2.000 до 4.000 мг, што е 40 пати повеќе од дозволеното.

Кога ќе седнете во автомобил со затворени прозорци и кога ќе го вдишите бензолот, тој влијае врз бубрезите, црниот дроб и врз ткивото на коската. Освен тоа, тој многу бавно се елиминира од организмот.

За правилно да ја користите климата, потребно е прозорците да бидат отворени неколку минути пред да ја вклучите.

Пред да започне да се лади воздухот, клима-уредот го исфрла загреаниот воздух надвор, а со него и бензолот. Затоа, отворите ги прозорците на неколку минути, а потоа вклучете ја климата.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот