X
 19.04.2019 Образование

Британски наставници се гордеат со учениците што штрајкуваат за климатските промени

Учениците што пропуштаат часови поради протестите за климатските промени не треба да се казнуваат и не треба да бидат избркани од училиште, велат британските наставници, пркосејќи им на повиците од лидерот на синдикатот за наставници кој изјави дека учениците треба да бидат казнети затоа што не одат на училиште за да протестираат.

Делегатите на годишната конференција на Националната образовна унија го поддржа предлогот со кој се бараше училишниот персонал да застане во целосна солидарност со учениците што штрајкуваат против климатските промени. Гласањето се случи откако илјадници ученици низ цела Британија излегоа од училишните клупи по трет пат минатиот петок за да бараат од политичарите да преземат итни мерки за климатските промени.

Делегатите ја повикаа извршната власт на Националната образовна унија да лобира кај владата за да преземе поголема акција против климатските промени - вклучувајќи го и вметнувањето на овој глобален проблем во самата наставна програма.

На една конференција во Ливерпул наставничката Дејзи Мексвел, која предава географија, изјави дека е горда на нејзините ученици кои не се појавиле на училиште затоа што сакале да учествуваат во протестите. Таа изјави дека климатските промени се најважниот проблем за едукација на идните генерации.

Наставникот Тони Бутифинт додаде: - Треба да бидеме заедно со нив и притоа не мислам во училиштето, туку на улица.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование