X
 07.07.2018 Наука

Нашата мотивација се менува како што старееме?

Природно е дека она што нè мотивира во животот ќе се промени како што старееме, меѓутоа, новото истражување спроведено од „Ју Гов“ открива како се манифестира тоа.

Истражувањето потврдува дека помладите луѓе имаат поголема веројатност да бидат мотивирани од цели, пари и ентузијазам, додека постарите генерации се повеќе инспирирани од нивните партнери, семејствата и природата.

Поголем број од младите на 18 до 24 години се мотивирани од целите и парите (44 отсто и 26 отсто), како и од ентузијазмот (28 отсто), отколку постарите луѓе над 60 години.

Но, како што старееме, ентузијазмот на другите игра помала улога во нашата мотивација. Само 15 отсто од луѓето над 60 години рекле дека ентузијазмот е нивни мотивирачки фактор.

И спротивно на популарното верување, дека во постарите години дружељубивоста е најголем приоритет, 32 отсто од оние на возраст над 60 години биле мотивирани од дружељубивоста, во споредба со 27 отсто од 24-годишниците и 20 отсто од 25 до 39-годишниците.

Не е изненадување тоа што сликата за нашето тело станува помалку важна како што старееме, меѓутоа, истражувањето откри дека кога ќе стигнеме до нашите 60-ти, личниот изглед повторно почнува да нѐ мотивира.


Фото: Yu Gov


Повеќе од една четвртина (26 отсто) од младите на 18 до 24 години и луѓето над 60 години (29 отсто) се мотивирани од грижата за себе, за разлика од 22 отсто од младите на 25 до 39 години и 21 отсто од оние на возраст од 40 до 59 години.

И без разлика на тоа дали ги имаме повеќе или не, парите нѐ мотивираат сѐ помалку како што поминува времето.

Една од четири личности (26 отсто) од младите на 18 до 24 години е мотивирана од финансиска добивка, но овој процент се намалува на 9 кај луѓето над 60 години.

Како што паѓа важноста на парите, така се зголемува улогата на природата - 16 отсто од луѓето на возраст од 18 до 24 години биле мотивирани од прекрасните пејзажи, крајбрежните прошетки и свежиот воздух, додека 27 отсто од луѓето над 60 години го ценеле времето поминато во природа.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука