X
 11.05.2015 Живот

Прашања кои успешните луѓе постојано си ги поставуваат

Постојат три видови на луѓе: оние кои не поставуваат доволно прашања, оние кои имаат многу прашања но немаат намера да пронајдат одговор и оние кои поставуваат добри прашања и бараат начини да ги одговорат.

 

1


Живееме во свет во кој се соочува со конвенционален начин на живеење помирувајќи се за обичното. Но, тоа не е пристапот на успешните луѓе. Успешните луѓе се немирни и за нив ништо не е доволно добро се` додека не стане подобро. Тоа е причината зошто тие ги поставуваат вистинските прашања и откриваат начини да ги одговорат.

1. Дали е ова тоа што сакам да го правам?

Многу луѓе не знаат колку страста и желбата се поврзани со успехот. Тие се помируваат со нивниот статус кво. Но, успешните луѓе сакаат да дадат нешто плус и да направат разлика. Затоа постојано се прашуваат дали е тоа вистинската работна позиција за нив и дали можат да променат нешто токму од таа позиција?

2. Дали ова ќе ми овозможи да пораснам како личност?

Најуспешните луѓе во животот се оние луѓе кои поставуваат прашања. Тие секогаш учат. Секогаш растат и се развиваат.

За успешните луѓе не е во ред да живеат во зона на удобност. Тие сакаат да бидат сигурни дека ќе можат на научат и да растат како личности.

3. Кои стратегии ќе го дефинираат мојот успех?

Успешните луѓе со сон, тие градат дизајн. Тие сакаат да имаат патоказ за тоа како да стигнат до одреден проект, задача или мисија којашто може да биде постигната.

4. Дали имам доволно верба да го постигнам ова?

Успешните луѓе сакаат да бидат во можност да го утврдат нивниот успех со издржливост. Тие не само што се желни туку имаат и смирено чувство на уверување дека каде има знаење, има и сила.

5. Кои се моите најголеми предности?

Успешните луѓе ги знаат своите недостатоци и слабости, имаат знаење за овие две работи со што им помага да видат до каде се и како ја канализираат сопствената енергија. Тие се фокусираат на нивните најголеми предности, бидејќи знаат каква конкуретна предност имаат над секој друг човек во трката за успехот.

6. Дали можам да го подобрам животот на другите со мојата работа?

Успешните луѓе знаат дека нивната среќа не е независна туку зависи од задоволството и среќата на другите. Тие имаат вредности и сакаат да придонесат за животите на своите клиенти, семејство и заедници.

7. Кои правила треба да бидат прекршени за да се направи ова?

Успешните луѓе ја негуваат својата репутација и карактер. Ако патувањето до успехот не се усогласува со нивните вредности, тогаш тие тоа не го извршуваат. Тие сакаат да имаат задоволително чувство на остварување, а не да предизвикуваат деструктивност.

8. Дали учам од сопствените грешки?

Колку што успешните луѓе умеат да гледаат напред, тие исто така гледаат назад во времето кога се соочувале со најлошите моменти. Тие знаат дека периодите на ниски резултати може да обезбеди знаење за тоа како ќе пристапат во иднината. Ништо не смее да се игнорира; тие ги прифаќаат знаците од минатото и се обидуваат да не ги повторат грешките.

9. Дали луѓето околу мене ми се поддршка или дејствуваат деструктивно?


Постои важност во околината на успешните луѓе - со вистинскиот тим секогаш се раѓа успехот. Не само што успешните луѓе градат силен тим, туку тие развиваат и силна култура со што ги реализираат целите.

10. Кои лоши навики треба да ги исфрлам а ми се препрека за успех?


Успешните луѓе знаат дека не се доволно добри. Тие сакаат да бида попродуктивни и информирани. Деструктивните навики можат да бидат пречка за постигнување на успех. Ако тие се будат доцна, а мораат да се будат порано, тогаш тие ја исфрлаат оваа навика и се насочуваат кон продуктивноста. 
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот