X
 07.07.2020 Образование

Едукативните и културни програми на музејот „Смитсонијан“ сега се достапни онлајн

„Смитсонијан асосиејтс“, едукативна програма во рамките на музејот „Смитсонијан“ во Вашингтон, САД, неодамна изјави дека ќе објави 91 нова дигитална програма за јавноста кои ќе бидат достапни на онлајн-платформа.

Во програмите може да се најдат курсеви за уметност, виртуелни тури, предавања од експерти и многу повеќе настани што ќе бидат одржани во текот на летото. Вљубениците во астрономијата може да го истражуваат Млечниот Пат или поларната светлина, или да присуствуваат на виртуелна тура или предавање од областа.


Фото: Музеј „Смитсонијан“/Pixabay

Во програмата ќе има и економски курс за универзумот на Хари Потер, како и едукативни видеа за учење ново хоби. Најавени се настани до ноември.

Ова е првпат „Смитсонијан асосиејтс“ да ги објавува сите свои образовни и културни програми на интернет. Цените за предавањата се движат од 20 долари до 30 долари.

Извор: washingtonian.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование