В петок во Виена ќе се отвори музеј кој со својата инстаграм-пријателска политика сака да ги привлече младите и во интерактивните простории ќе им овозможи да создадат сопствени уметнички дела.
Со ѕидови во живописни бои и големи предмети, музејот има сè што е потребно за совршено селфи.
- Бројот на млади луѓе што одат во музеј опадна, па се обидуваме да го зголемиме користејќи ги социјалните мрежи. Младите сакаат да живеат онлајн - изјави Петра Шарингер, креатор на музејот.
Фото: Philipp Lipiarski
Музејот има 24 простории и е полн со интерактивни експонати со кои луѓето навистина можат да се забавуваат, додава Шарингер.
Посетителите може да се фотографираат пред ѕидовите со различни бои, со храна, со топки, на маса со семејство крзнени мечиња во природна големина.
Музејот ќе биде отворен шест месеци, а потоа може да се пресели во други градови. Цената се движи помеѓу 15 и 29 евра за 90-минутна посета.
„Nofilter_museum“ се придржува на голем број слични институции низ светот чија цел се корисниците на социјалните мрежи, инстаграм-ентузијастите кои сакаат да создадат совршена
фотографија и потоа да ја објават.
Голем број инстаграм-инфлуенсери веќе покажаа интерес за посета на музејот.