X
 07.07.2020 Живот

Најголемите ризици со кои ќе се соочи човештвото во наредните 18 месеци

Светот продолжува да се бори со Ковид-19, а се чини дека ниту еден дел од планетата не остана непогоден. Расте стравот за последиците врз економијата и промените во секојдневието.

Организацијата „Светски економски форум“ користела податоци од 347 аналитичари за ризиците што му претстојат на човештвото поради пандемијата и направила графикон од резултатите. Кои се ризиците со кои светот најверојатно ќе се соочи во следната 1,5 година?


Фото: Pexels

Во извештајот, 31 ризик биле групирани во 5 категории: економски, општествени, геополитички, технолошки и еколошки. Според анкетата, економскиот пад е најголема закана во блиската иднина.

Продолжената рецесија како последица на големите загуби на работни места е грижа за 68,6% од експертите. Државите ќе ги зголемат долговите, а земјите во развој стагнираат по прогресот кој го постигнале последните години, па ова може да доведе до колапс на пазарите, според 38% од испитаниците.

Кога станува збор за општествените ризици, најголем ризик е вториот бран на коронавирусот или друга заразна болест. Освен тоа, 21,3% од аналитичарите сметаат дека општествената нееднаквост ќе се влоши.


Фото: Pexels

Во поглед на геополитичките проблеми, мерките за ограничено патување и движење се грижа на 48,7% од аналитичарите. Како последица на овие мерки ќе има пад во глобалната трговија и странските инвестиции, а ова може негативно да влијае врз постојните проблеми, како недостиг на храна во делови од светот.

Кога станува збор за технологијата, таа им овозможи на многу луѓе полесно да се справат со пандемијата, но зголемената зависност од дигитални алатки за многумина претставува проблем, особено за оние што немаат лесен пристап до технологиите. Над една третина од испитаниците сметаат дека постои ризик од повеќе сајбер-напади, а речиси 25% сметаат дека брзата автоматизација е недостиг, особено за професиите што не овозможуваат работа од дома.


Фото: Најголемите ризици со кои би можел да се соочи светот/WEForum

Конечно, Ковид-19 потенцијално го стопира напредокот во полето на борбата против климатските промени. Карантинот на почетокот предизвика пад во емисиите на јаглеродниот диоксид низ светот, некои препорачуваат дека ќе следува обратен ефект како што се оживуваат економиите.

Генерално, најголем ризик со кој ќе се соочи човештвото, според аналитичарите, е продолжената глобална рецесија. 58,5% од испитаниците го изјавиле ова. Високата невработеност и втор бран или нова пандемија следуваат на листата.

Автор: Иман Гош
Извор: weforum.org
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот