X
 07.07.2021 Живот

Филипче: Ќе се дозволи вакцинирање на деца од 12 до 16 години со „Фајзер“

На денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче рече дека е утврдено присуство на делта-сојот кај четворица пациенти, дека генерално состојбата во земјава е стабилна и дека ќе се дозволи вакцинирање на деца од 12 до 16-годишна возраст со вакцината на „Фајзер“.

- Генерално состојбата во земјата е мирна, дел од ковид-центрите се целосно затворени. Оваа ситуација ни покажува колку е важно граѓаните да се вакцинираат бидејќи вакцините штитат. Ова пандемија може да трае повеќе години, но тоа не значи дека треба да живееме затворени. Покрај најавата дека од понеделник започнува теренската вакцинација, ве информирам дека ќе се дозволи и вакцинирање на деца од 12 до 16 години со вакцината на „Фајзер“, која во овој момент е единствена вакцина што е дозволена да се користи за деца. Нема да има потреба за закажување термин за децата, секаде ќе има вакцини на „Фајзер“, едноставно родителите треба да дојдат со децата на пунктовите за вакцинација - изјави министерот за здравство.

За воведување мерки на границите, ќе се разговара до крајот на оваа недела.


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот