X
 07.07.2022 Наука

Големиот хадронски судирач откри нови честички

Европската организација за нуклеарно истражување, позната како ЦЕРН, по три години повторно го вклучи големиот хадронски судирач.

Научниците откриваат дека забележале три нови необични честички. Станува збор за нов вид пентакварк и првиот пар тетракваркови, од кои едниот е сосема нов вид тетракварк.



Кваркови се мали честички кои се составен дел на протоните и неутроните. За нив се смета дека се основни градежни блокови на материјата. Кварковите не се наоѓаат поединечно, туку во групи хадрони и најчесто ги има во групи од две или три, а поретко во четири или пет. Соодветно на тоа, тетракваркот се состои од четири кваркови, а пентакваркот од пет.

- Сведоци сме на период на откривање сличен на 50-тите години кога почнала да се открива цела зоолошка градина од хадрони и тоа довело до моделот за кваркови на конвенционалните хадрони во 60-тите години - изјавил научникот Нил Тјунинг.

Извор: Futurism
Насловна фотографија: CERN
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука