X
 03.10.2018 Живот

ЦЕРН не сака научници што тврдат дека физиката е само за мажите

ЦЕРН ја прекина соработката со италијанскиот научник кој изјави дека физиката е само за мажи и ги обвини жените дека добиваат места на ова поле само поради дискусијата за рамноправност на половите.

Во петокот европската организација за нуклеарни истражувања организира семинар во Женева на кој беше повикан и италијанскиот научник Алесандро Струмија од Универзитетот во Пиза.

церн
Фото: AFP


Повеќето научници што учествувале на овој семинар веднаш на социјалните мрежи ги споделија неговите сексистички изјави. Иако Алесандро не бил присутен на семинарот, во неговите презентации тој вели дека мажите се повеќе дискриминирани на полето на физиката.

Жените добиваат сѐ поважна улога на работните места поврзани со физиката, а причината поради сѐ поголемиот број жени во физиката е дискусијата за полот, а не нивните квалификации. Во својата презентација тој напишал: - Физиката ја измислија и ја изградија мажите, во ова поле не се влегува со покана. Физиката не е сексистичка кон жените, но вистината не е важна бидејќи станува збор за политичка борба на половите.

ЦЕРН, на чие чело е Италијанката Фабиола Џаноти, ја оцени презентацијата на Алесандро како посебно шокантна.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот