X
 07.07.2022 Живот

Интеракции со лекови – како да се спречат грешки во препишувањето, земањето и чувањето

Грешките во лекувањето го зголемуваат морбидитетот. Се проценува дека тие го оптоваруваат здравствениот систем на САД за околу 177 милијарди долари годишно (износот зависи од дефиницијата). Тие вклучуваат:

- Погрешен избор на лек или препишување погрешна доза, фреквенција или времетраење на терапијата;
- Неправилно читање на транскрипцијата и издавање погрешен лек или несоодветна доза;
- Неточни упатства за пациентот;
- Неправилна администрација на лекови;
- Неправилно складирање на лекот во аптека или дома, со промена на ефективноста;
- Употреба на лек со поминат рок, со промена на ефикасноста;
- Нарушувања кај пациентот, што предизвикуваат неправилно внесување;
- Несовесна замена на лекот со инфериорен, разреден или неефикасен производ.

Грешки во препишувањето може да се случат, особено кај некои популации. Постарите луѓе се особено изложени на ризик во овој поглед; исто така и жените во репродуктивна возраст и децата. Интеракциите се многу почести кај пациенти кои земаат повеќе лекови. За да се намалат овие опасности, лекарот треба да биде запознаен со сите лекови што ги зема пациентот, вклучително и оние што се издаваат без рецепт, за да состави комплетна листа со лекови и потенцијали интеракции.



Рецептите треба да бидат напишани што е можно појасно. Некои лекови имаат слични имиња, така што постои забуна ако рецептот не е читлив.
Неправилно се даваат и лекови, особено во институциите; на друг пациент, во погрешно време, на погрешен начин. Некои лекови треба да се даваат полека, други не треба да се даваат истовремено со другите. Кога ќе се забележи грешка, веднаш треба да се информира лекар и често е потребна консултација со фармацевт.

Фармацевтот треба да ги складира лековите за да ја обезбеди нивната ефикасност. Аптеките што испраќаат лекови по пошта треба да ги следат соодветните процедури за транспорт. Пациентите обично ги чуваат лековите на несоодветен начин. Доколку се чуваат неправилно, лековите ја губат својата ефикасност долго пред истекот на рокот. Кутијата треба јасно да означува дали лекот треба да се чува во фрижидер или на ладно место, заштитено од сонце или топлина или некои други карактеристики на складирање. Од друга страна, непотребните мерки на претпазливост ја намалуваат соработката и го трошат времето на пациентот. На пример, неотворено шише инсулин треба да се чува во фрижидер, но откако ќе се отвори, може да се чува надвор од фрижидер релативно долго доколку не е изложено на сонце или високи температури.

Често се земаат лекови со истечен рок, што во некои случаи (на пример, ASA, тетрациклин) претставува значителен ризик. Треба да се напишат рецепти и да се земат лекови за да можат да се користат пред крајниот рок.

Сепак, овие грешки најчесто се предизвикани од конфузијата на пациентите околу земањето лекови. Се зема погрешен лек или погрешна доза. Упатствата за дозирање, како и причините за препишување, треба да бидат детално објаснети. Пациентите треба да се советуваат да се консултираат со фармацевт за дополнително појаснување. Пакувањето мора да биде практично, но безбедно. Доколку децата веројатно нема да дојдат во контакт со препишаниот лек, а пациентот има проблеми со отворањето, потребно е да се препишат пакувања кои лесно се отвораат, односно не се заштитени од деца.

Автор: м-р Јасмина Авдиќ, фармацевт
ПЗУ Лајф Лајн

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот