X
 07.07.2024 Живот

Зошто јадеме пуканки во кино?

Искуството од гледање филм во кино стана незаменлив дел од денешната култура. Без разлика дали се работи за семејно излегување или романтичен состанок, кината се еден од најголемите културни феномени уште од нивниот почеток. Заедно со гледањето филм во кино - и грицките се незаменлив дел.

- Пуканките и филмовите имаат нераскинлива врска и како такви претставуваат можеби едно од најголемите дуо во модерната историја. Тешко е да се замисли посовршена комбинација која стана дел од културата на толку длабок и продорен начин - вели Пол Дергарабедјан, виш медиумски аналитичар.

Најголемиот синџир на кина во САД, „АМЦ Кина“, произведува доволно пуканки секоја година за да наполни 222 олимписки базени, според компанијата. Но, долги години кината не сакале да имаат никаква врска со грицките. За нивните сопственици било незамисливо да имаат некакви прехранбени производи во понудата, но на крајот не можеле да одолеат на феноменот кој постојано расте.

Во книгата „Културата на пуканки: Социјална историја на пуканките во Америка“, аналитичарот Ендрју Ф. Смит наведува дека овој производ првпат бил донесен од морнари од Јужна Америка на почетокот од 19 век. Пуканките постојано се шират низ улиците и саемите, но станале популарни во кината дури за време на Големата депресија во 30-тите години.

- Со пет или десет центи по чанта, пуканките беа прифатлив луксуз за повеќето Американци - напишал Смит.

Пуканките првично се правеле надвор од киното бидејќи се сметало дека е прескапо да се опремат зградите со отвори за вентилација. Но, кога почнале да се појавуваат конкуренти, била направена отстапка во рамките на компанијата.

- Пуканките се продаваа толку добро поради нивната арома - истиот мирис што некои сопственици на кина наводно го презираат. Аромата беше максимирана за време на процесот на печење. Штом машините беа поставени во фоајето, работата тргна - рекол Смит.

Токму поради овој често омразен мирис, овие грицки станаа феномен кој секоја година заработува вистинско богатство.

Извор: n1info.hr

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот