X
 21.09.2019 Економија

„Ербиенби“ оствари приход од милијарда долари

Од платформата за издавање станови „Ербиенби“ соопштија дека приходите во второто тримесечје, вторпат од основањето, надминале милијарда долари. Првпат ѝ се посреќи во третиот квартал од минатата година.

Податоците за профитабилноста во второто тримесечје не се објавени, како ни своевремено вкупните приходи од 2018 година. Западните медиуми пренесуваат дека приходите на „Ербиенби“ во 2017 година скокнале за 50 отсто, надминувајќи 2,5 милијарди долари.

Претходно од компанијата соопштија дека во 2017 и 2018 година оствариле позитивен резултат во ставката за заработка пред каматата, данокот, депресијацијата и амортизацијата, не наведувајќи ги точните износи.

Во најновиот извештај истакнаа дека до 15 септември изнајмувачите преку нивната платформа заработиле повеќе од 80 милијарди долари.

До 1 јуни се наплатени повеќе од 1,6 милион долари такси за домување, а бројот на огласи за изнајмување станбени недвижности во повеќе од сто илјади градови низ светот во меѓувреме надминал 7 милиони, наведуваат од компанијата.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија