X
 07.08.2018 Технологија

„Фејсбук“ ќе ви помогне да ја пронајдете љубовта на вашиот живот?

Најновата опција на „Фејсбук“ за љубовни состаноци ќе создаде нова мрежа во внатрешноста на „Фејсбук“. Корисниците што сакаат да се приклучат на „Дејтинг“ ќе можат да видат други корисници кои се вклучени, но нема да стануваат пријатели.

„Фејсбук“ и претходно најави дека планира да влезе во светот на онлајн-состаноците, но не беше јасно дали станува збор за посебна апликација или за опција во внатрешноста на самата мрежа.

fb

Според информациите објавени од истражувачот на кодот, Џејн Манчун Вонг, се чини дека „Фејсбук“ започна со тестирање на опцијата.

„Фејсбук дејтинг“ всушност создава нова мрежа во внатрешноста на „Фејсбук“. Корисниците што сакаат да се вклучат во оваа мрежа можат да ги видат корисниците што не се вклучени, но нема да стануваат пријатели. Засега мрежата се тестира меѓу вработените во „Фејсбук“, но со строги правила дека не е наменета за излегување со колегите.

На прв поглед новата мрежа изгледа како повеќето апликации за пронаоѓање партнер што се веќе достапни. Корисникот прикажува пол, избира кого сака да го запознае и избира град во кој моментално се наоѓа за системот да може полесно да предложи слободни личности во близина.

Кога оваа опција ќе стане достапна за корисниците, сѐ уште не е познато. Но сигурно е дека „Фејсбук“ ќе спроведе темелни тестирања и проверки што се однесува до безбедноста на корисничките податоци и приватноста.

- Ја дизајниравме новата мрежа имајќи ги на ум приватноста и безбедноста. Вашите пријатели нема да го видат вашиот профил и системот ќе ви предлага само личности што не се ваши пријатели - изјави Закерберг.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија