X
 06.11.2018 Живот

„Букинг“ ги повикува стартап-компаниите на натпревар - првата награда 500.000 евра

„Букинг“ почна да прима апликации за третата годишна програма наречена „Букинг Бустер“, со која им дава парична поддршка на стартап-компаниите во секторот на одржлив туризам. Се бараат решенија врз основа на технологија за совладување предизвици со кои се соочува одржливиот туризам во различни подрачја.

1

Од „Букинг“ издвојуваат четири клучни подрачја за иновации:

- Рамномерна распределба на придобивки и позитивни ефекти од туризмот;
- Создавање економски можности за жените со помош на технологијата за патување;
- Промовирање инклузивен раст за локалните заедници со недостиг на ресурси;
- Заштита на животната средина.

Во натпреварот „Букинг Бустер 3.0“ за 2019 година можат да учествуваат десет стартап-компании од секторот за одржлив туризам кои се подготвени да ги зголемат своите бизнис-планови во рамките на тринеделната програма за забрзување што ќе се одржи во мај наредната година во Амстердам, а „Букинг“ ќе обезбеди и ментори-експерти од самата компанија.

Оваа програма ќе се состои од серија предавања, практични работилници и советодавни обуки. Потоа, бизнис-идеите ќе се натпреваруваат за награди вредни до 500.000 евра. Пријавите за програмата се веќе отворени, а компаниите ќе можат да аплицираат до 2 декември 2018 година.

Повеќе информации можете да пронајдете ТУКА.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот