Нестандардна и чудна операција за ресетирање на лозинките моментално се случи на еден германски универзитет, каде што повеќе од 38.000 студенти и дел од персоналот оваа недела мораа да чекаат во ред со нивната лична карта за да добијат нова лозинка за нивната е-пошта.
Ова се случува на Универзитетот „Гисен“ во градот Гисен, кој се наоѓа северно од Франкфурт, Германија.
Универзитетот се заразил со малициозен софтвер во текот на минатата недела. Додека името на вирусот не е познато, персоналот од ИТ-секторот на универзитетот сметал дека инфекцијата е доволно сериозна за да ја сруши целата ИТ-инфраструктура и серверите.
Мрежата на универзитетот е недостапна уште од 8 декември, а сите компјутери се изолирани и исклучени.
Во изминативе неколку дена ИТ-персоналот користел антивирусни скенери поставени на повеќе од 1.200 УСБ-дискови за скенирање на секој компјутер за да го откријат малициозниот софтвер.
Персоналот на универзитетот двапати поминал низ овој процес. Го скенирал секој компјутер и секој систем уште еднаш во текот на викендот. Персоналот соопшти дека скенирањето го спровеле уште еднаш откако антивирусниот скенер добил порака дека со сигурност открил малициозен софтвер што ја заразил неговата мрежа.
Компјутерите што биле скенирани и биле чисти добиле зелена налепница, што значи дека системот е безбеден за повторно поврзување со мрежата на универзитетот.
Персоналот на универзитетот верува дека инфекцијата со малициозниот софтвер влијае врз е-поштата на универзитетот, па како мерка на претпазливост ги ресетирал сите лозинки за сите е-адреси што ги користат и студентите и вработените.
Но, поради бизарен германски закон, универзитетот не смеел да им ги испрати новите лозинки на личните е-адреси на студентите. Наместо тоа, повикувајќи се на законските услови наметнати од германската национална мрежа за истражување и образование, професорите и студентите морале сами да ги земат лозинките од ИТ-персоналот на универзитетот, докажувајќи го идентитетот со лична карта.
Големиот безбедносен инцидент и необичните законски услови создадоа бизарна слика - илјадници луѓе стојат во редица и чекаат да си ја земат новата лозинка.
За среќа, ова се случило на германски универзитет и сето тоа било
направено на уреден и организиран начин со распоред заснован на месецот на раѓање на студентите и на вработените.