X
 06.10.2016 Живот

Нервозни навики што ќе им наштетат на вашата кариера

Ние не ги знаеме нашите сопствени навики. Другите луѓе треба да ни кажат за нив.

Пишува за “Forbes“: Лиз Рајан, извршен директор и основач на “Human Workplace“. Можете да ја следите на Twitter.

Едно од сценаријата што ќе ги анализираме во оваа статија е интеракцијата меѓу Хохе и Бет. Бет имаше нервозна навика, со која ги излудуваше своите соработници и колеги. Секогаш кога некој зборуваше со Бет, таа го пресекуваше. Таа не можеше да престане. Еве како разговорот се одвиваше:


работа



Хорхе:
Значи Бет, во извештајот се изгледа добро, но ние сѐ уште треба да додадеме пита графикон, на која е прикажана продажбата од регионот. Мислам дека Емануел ги има податоците, но ако не, тогаш...

Бет: По продажбата од регионот, каде пита графиконот ќе оди, што друго е потребно за извештајот?

Хорхе: Јас само сакав да кажам ако Емануел ги нема тие податоци, Кристен треба да ги има. Откако пита графикон оди, тогаш единственото нешто што се уште ни треба...

Бет: Кристен е на одмор оваа недела, јас вчера и напишав и ја добив назад пораката дека таа е на одмор.

Хорхе: Добро, добро, ајде да мислиме на варијантата ако Емануел не може да ни помогне. Се обидував да кажем дека по додавањето на пита графиконот, ни треба само листата со нови сметки, отворени во овој квартал, што можеш ти да ги  добиеш..

Бет: Сите нови сметки, или само националните сметки?

Хорхе: Сите нови сметки. Може да ги добиеш извештаите за новата сметка од авторот на извештајот, но мора да прецизираш...

Бет: Кој може да ми помогне да го изработам тој извештај? Јас не сум го правела тоа досега.

Хорхе: Дали треба да ти испратам е-мејл порака? Многу е тешко за мене да завршам една мисла.

Бет: Секако, испрати ми e-мејл!

Шефот на Бет конечно и дал до знаење за нејзината иритирачка тенденција да не им дозволи на нејзините колеги да завршат целосна реченица. Бет ми рече: “Немав идеја дека тоа го правев. Мојот ум се движи во една брзина, а мојата уста во различна.“

Сите ние имаме навики за кои не сме свесни,  може сме ги поседувале нервозните навики со години. Тие може да се појавуваат цело време, или само кога се чувствуваме под стрес.

Токму затоа е добра идеја да имате шанса да ги прашате вашите соработници и пријатели, “Кои навики можам јас да ги подобрам за да си го олеснам животот и од кои навики треба да се откажам?

Ова се десет нервозни навики, кои може да им наштетат на вашите односи и кои го успоруваат вашиот напредок во кариерата:


навики


1.Навика на мулти-таскинг, кога треба да се концентрирате на лицето со кои сте во интеракција и зборовите што ги кажуваат

Тргнете го настрана телефонот, гледајте го во лице партнерот со кого разговарате и фокусирајте се на она што тој или таа го говори.

2. Навиката за автоматско велење: "Жал ми е", кога немате причина за што да се извините

Многу бизнис луѓе паднаа во стапицата на извинување за нешта што не се нивна вина, само за да направат нивниот шеф или било кој, што е незадоволен да се чувствува подобро. Тие се извинуваат рефлексивно. Не правете го тоа!

Ако некој е вознемирен, може да се каже "Тоа звучи фрустрирачки. Ајде да зборуваме за како да го поправиме тоа. "Не се што оди во погрешна насока е грешка направена од ваша страна!

3. Навиката да се каже "Да", кога некој колега со кој работите бара помош

Одлично е да бидете корисни, но ако сте секогаш на располагање да ги спасите луѓето кои не преземат одговорност за своите обврски, неколку лоши работи ќе ви се случат. Ќе бидите исцрпени. Лицето на кое сте му помогнале нема да научи како да се грижи за себе и да се потпира на себе.

Најлошо од се е што вашето драгоцено време и внимание ќе биде обезвреднети. Навикнете се да се насмеете и да кажете: "Јас сум сигурен дека ти ќе дознаеш како да ја надминеш оваа пречка,  ти си многу паметен човек“.

4. Навиката на земање работење дома

Многу луѓе ја земаат работата дома, бидејќи тие не знаат како да ја завршат својата работа во текот на денот и го насочуваат мозокот на нов канал.

Тоа е клучна животна вештина, која сите ние треба да ја практикуваме. Кога сте го исполниле полното работно ден, треба да престанете.

5. Навиката на судењето на вашиот успех или неуспех на работа врз основа на емоционалната состојба на вашиот менаџер

Менаџерите се луѓе. Тие одат горе и долу емоционално како и секој друг. Убаво е кога вашиот менаџер е задоволен со вас, но може да имате успешен ден, недела или месец, дури и кога вашиот менаџер е во лошо расположение. Одделете ги вашите сопствените чувства од неговите или нејзините!

6. Навиката за ставање крај на вашите реченици со "Ако вие момци се согласувате" или "Ако тоа е во ред!

Може да направите декларативна реченица кога ќе се чувствувате силно за нешто. Вие не мора да завршувате со молба или одрекување, како што е на пример: "Но, ако сметаш поинаку, тоа е во ред исто така!"

7. Навиката да им дозволувате на луѓето да ве прекинат во вашата работа

 В
о ред е да се каже: "Не можам да го запрам овој проект,  јас сум на средината, но ќе ти се јавам кога ќе завршам ."

8. Навиката да одговорате на секој текст или е-мејл, во минутата кога ќе ја добиете, без разлика што на час на ден

Ние ги обучуваме луѓето околу нас. Вие ќе ги обучувате луѓето на вашето работно место да ги почитуваат вашите граници, или ќе ги обучите да газат по вашите граници (затоа што се чини, дека вие самите не ги вреднувате).

9. Навиката да го прескокнувате ручекот за да завршите малку повеќе работа

Ако не можете да си дадете себеси пауза за обновување еднаш дневно, како може да водите цела кариера?

10. Навиката за избегнување на конфликт со кажување на луѓето "Што и да сакате", кога вие не се согласувате.

На крајот ќе бидете уморни од дозволувањето на луѓето да ве влечат за нос. Имате право на глас. Сега е одлично време да го искористите!
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот