Официјалниот термин за социопат е анти-социјално нарушување,
„ASPD“ и симптомите имаат тенденција да се движат од благи до опасни.
Благите социопатски особини
се поврзуваат со успешните извршни директори, но ако се во изобилство овие особини може да предизвикаат сериозни проблеми за менталното здравје и меѓучовечките односи. Не станува збор за дијагноза, туку овде ви ги претставуваме 4-те особини кои често се поврзуваат со социопатите:
1. Големо его
Според прирачникот за дијагностика и статистика на менталните нарушувања (DSM) социопатите имаат многу високо мислење за себеси. Пишувајќи за нарцисоидните личности, во прирачникот се наведува дека:
„Прекумерните односи со другите за себе-дефинирање и регулирање на самопочитта, претераното само-оценување може да се изрази со хиперболичност или потиштеност или да се разнишува помеѓу екстремите и емоционалните регулациски флуктации на самодовербата“.
Социопатите имаат тенденција да ги обвинуваат другите за сопствените неуспеси. Тие исто така ги кршат законите или општествените правила бидејќи сметаат дека се над законите и правилата.
2. Шармантност и манипулација
Социопатите имаат тенденција да поседуваат високо ниво на привлечност. Со оваа особина доаѓа друга -да се биде манипулативен - двете често одат заедно. „Социопатите се експерти за глума и секогаш имаат тајна агенда. Луѓето се толку воодушевени кога ќе откријат дека некој е социопат, бидејќи се толку шармантни. Тие се мајстори за преправање. Нивната главна алатка со која се штитат од можноста да бидат откриени е создавање на надворешна личност“, вели психотерапевтот Рос Розенберг, автор на
„Human Magnet Syndrom“
3. Имаат недостиг на емпатија
„DSM“ идентификува дека социопатите имаат тенденција да покажат недостиг на емпатија. Основните карактеристики на растројството на личноста е нарушување на личноста. Значајните нарушувања во однос на себеси (идентитет или само-насока, интер-персонално функционирање (емпатија или интимност). Недостиготот на емпатија во однос на другите луѓе се открива по фактот дека овие луѓе немаат многу пријатели, туку само површни односи.
4. Чести конфликти со законите
Мајо Клиник пишува дека луѓето со антисоцијално нарушување на личноста имаат тенденција да се неодговорни, што понекогаш се манифестира преку конфликт со законите.
Save