Постојат барем десетина знаци кои можат да ве предупредат дека разговарате со психопат.
Ако некој маж постојано ви ласка уште од првиот ден, и уште првиот ден ви изјавил дека сте преубава, неверојатно интелигентна и бескрајно духовита жена, тогаш голема е веројатноста неговата цел да е вашата несигурност.
Ако сфати дека мислите дека сте дебели, ќе ви каже дека го обожава вашето тело. Ако мисли дека сте срамежливи, ќе се смее на секој ваш лошо раскажан виц и ќе ве бомбардира со љубов. Станува збор за фаза која трае неколку месеци, а после тоа ќе исчезнат сите пофалби.
Фото: Pixabay
После фазата „љубовно бомбардирање“ веројатно ќе следи фазата на тишина, а потоа фазата на намалување на вашата вредност. Покрај тоа, ќе се обиде да ве увери дека сте сродни души, дека го сака сето она што го сакате вие и дека имате ист интерес. Ќе го имитира вашето однесување, бидејќи нема вистински идентитет.
Обрнете внимание на неговата болест, бидејќи психопатот обожава да го сожалуваат. Појавата е почеста кај мажите, а Мери Елен О'Тул, која работи како препознавач на профилите на луѓето во ФБИ, проценува дека еден од сто луѓе се психопати.
Психопатите и социопатите имаат некои слични карактеристики, но понекогаш тешко е да се направи разлика. Во секој случај, најдобар совет е да се оддалечите од овие луѓе.
Ова се основните разлики помеѓу психопат и социопат.
Психопат
Се развива во раните години
Настанува како интеракција помеѓу биологијата (ген, врската во мозокот) и напуштањето или злоставувањето.
Поопасен е во пораните години од животот
Не реагира на казни, стрес и страв. Со години претставува се` помала опасност за околината.
Ладнокрвен е и калкулира
Многу добро поднесува било какво неодобрување од средината. Се вклопува во било која средина се` додека тоа му одговара.
Не познава емпатија
Добро ја знае емоцијата на другите луѓе. Сфаќа зошто луѓето сочувствуваат со други луѓе, но не е во состојба тоа лично да го искуси.
Социопат
Го создава околината
Се развива под влијание на околината (злоставување), најчесто пред пубертетот. Гените имаат мала улога.
Често умее да се повлече на подолг период
Чувствителен е на стрес, страв, срам и неодобрување во еднаква мера како и останатите луѓе.
Лут губитник
Многу лошо реагира на негативните искуства. Настојува со сите средства да им се одмазди на оние кои го навредиле.
Може да има способност за сочувство
Способен е да ги доживее и своите и туѓите емоции. Темпераментот е сличен како кај другите луѓе.