X
 07.09.2019 Живот

Ова се најдобрите градови за велосипедистите

Возењето низ градот на две тркала може да биде пријатно искуство, нешто што луѓето често го земаат здраво за готово кога инфраструктурата во нивниот град функционира добро. Но, сепак, тоа не е случај во сите градови.

Понекогаш е неверојатно фрустрирачки или дури и опасно искуство за велосипедистите да возат по невозможно тесните велосипедски патеки, меѓу автомобилите или по полузавршени велосипедски мрежи кои не водат апсолутно никаде.

Но, не е секаде така. „Копенхагенајз индекс“, извештај кој оценува 115 града во светот и го следи глобалниот напредок во градскиот велосипедизам, зема предвид многубројни фактори, како што се велосипедската инфраструктура, програмите за делење велосипеди, безбедност на велосипедистите и рамнотежа на половите за да ја направи листата со градови што се најпогодни за велосипедисти.

Не е изненадување (со оглед на името на листата) што на врвот во најновиот извештај е Копенхаген. Возењето со велосипед е начин на живот во главниот град на Данска, а мнозинството жители (62 отсто) повеќе се возат со велосипед отколку со автомобил. Тоа е така затоа што градот има одлична мрежа на велосипедски патеки и мостови кои нудат сигурно и брзо возење низ градот.


На второто место е Амстердам, и тоа благодарение на посветеноста на градот да прифати сè повеќе велосипедисти со ширење на велосипедските патеки, изградба на поголеми велосипедски улици и редизајнирање на раскрсниците за тие да бидат посигурни. Исто така, градот има амбициозен план до 2025 година да отстрани 11.000 паркинг-места за автомобили за да се отстапи место за дрвјата, велосипедите и тротоарите.

View this post on Instagram

📍Amsterdam (Paises bajos 🇳🇱) ☆La mágica Ciudad de Amsterdam combina sus extensos canales y numerosos puentes con la original arquitectura de los siglos XVI y XVII concentrados en una pequeña superficie. Las obras de famosos artistas como Rembrandt y Van Gogh se pueden admirar en los Museos de Amsterdam y caminando la ciudad Amsterdam nos ofrece la historia viva de una de las ciudades mas bellas y románticas de Europa.❤.😉. ☆La longitud del sistema de canales de Amsterdam es de 75 kilómetros, cruzados por más de 1000 puentes. La sección principal de los canales se denomina Grachtengordel, formado por tres canales: Prinsengracht, Keizersgratch y Herengracht, siendo este último el más llamativo de los tres, con algunas de las mansiones más bonitas de la ciudad. ☆Mercado de las flores🌷 Situado en uno de los brazos del Grachtengordel se encuentra el Mercado de las Flores de Amsterdam. Creado en 1862, es el lugar donde los habitantes de la ciudad alimentaban una de sus grandes pasiones, la de las flores, siendo los tulipanes los principales objetos de deseo.❤🌷 • • • • • 🚸Siguenos👉@mochileros.viajeros • • • • • #repost #photo 📸@alexander.chiriac #thanks ❤ #my #friends #awesome #bicicleta #bicicletas #bici #rosas #flores #canal #canales #amsterdam #amsterdambikes #cyclelife #cycletouring #puente #paisesbajos #travelblogger #mochilera #mochileros #backpackers #floreada #primavera #spring #travelguide #soyviajera #travelphotooftheday

A post shared by Mochileros Viajeros (@mochileros.viajeros) on


Велосипедизмот е многу популарен во Холандија, па на третото место се најде уште еден холандски град, Утрехт. Она што го издвојува Утрехт е политичката волја, па авторите на извештајот велат дека политичарите во Утрехт на велосипедите гледаат како на начин за превоз со најголем потенцијал, давајќи им предност во однос на автомобилите.

Антверпен во Белгија се најде на четвртото место, додека првите пет места се заокружени со францускиот град Стразбур.

Единствените градови од Северна Америка на листата со 20 најдобри се Монтреал и Ванкувер. Покрај нив, единствените неевропски градови на листата се Богота, Токио и Тајпеј.

Кога станува збор за регионот, на листата се најде само Љубљана.

Ова се 20. најдобри градови за велосипедистите:

1. Копенхаген, Данска;

2. Амстердам, Холандија;

3. Утрехт, Холандија;

4. Антверпен, Белгија;

5. Стразбур, Франција;

6. Бордо, Франција;

7. Осло, Норвешка;

8. Париз, Франција;

9. Виена, Австрија;

10. Хелсинки, Финска;

11. Бремен, Германија;

12. Богота, Колумбија;

13. Барселона, Шпанија;

14. Љубљана, Словенија;

15. Берлин, Германија;

16. Токио, Јапонија;

17. Тајпеј, Тајван;

18. Монтреал и Ванкувер, Канада;

20. Хамбург, Германија.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот