X
 23.12.2024 Живот

Во март ќе добиеме нова авиолинија Скопје - Амстердам

Нискобуџетната авиокомпанија „Трансавија“ во март ќе започне со летови меѓу Амстердам и Скопје. Аеродромот „Скипол“ и аеродромот во македонската престолнина не биле поврзани со редовен авионски превоз од септември 2008 година.

Подружницата на „Ер Франс“ - КЛМ ќе започне со летови до Скопје на 2 март 2025 година и ќе има летови двапати неделно.

Билетите се пуштени во продажба од денеска и цената за билет во еден правец, на пример, во март е околу 90 евра. Тука можете да ги разгледате и цените. Според пишувањата на „Екс Ју авиејшн“, во јануари „Трансавија“ и „Трансавија холидејс“ ќе понудат промотивни цени за новите маршрути.



Авиокомпанијата нема директна конкуренција за овој лет, иако „Визер“ има лет од Скопје до Ајндховен, град оддалечен околу 125 километри од Амстердам, 4 пати неделно.

„Трансавија“ има долго присуство на македонскиот пазар и од 70-тите години имаше чартери до Охрид. Имаше и летови до Скопје. Македонската престолнина последното поврзување со аеродромот „Скипол“ со редовен авионски превоз го имаше со МАТ во септември 2008 година, пред колапсот на компанијата.

Извор: ExYuAviation
Фото: Transavia

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот