Без дилеми, главниот град на Холандија ја стекна својата голема популарност, особено кај младите, заради дозволата за уживање на лесни наркотици. Се разбира дека тоа не е единствена причина, затоа што Амстердам е град од огромна културна вредност, па секој може да најде предмет на свој интерес, но посетителите, меѓудругото, неретко ја користат можноста и да пробаат од ова „забрането овошје“ на други места.
„
Mellow Yellow“, најстарото кафуле во Амстердам, се затвора со одлука на холандските власти. Ова кутно кафуле е отворено во далечната 1967 година, што значи дека следната година би прославувале половина век постоење. Сепак, со одлука на градоначалникот, од први јануари ќе престане со работа. Причината за ова е одлуката на градскиот совет да се забрани продажба на марихуана во објекти кои се наоѓаат на 250 или помалку метри во близина на училишта, со цел да се спречи конзумирањето на вакви наркотици од рана возраст. „Mellow Yellow“, најстариот
coffe shop во светот, е лоциран на помала далечина од пропишаната.
Сопственикот на локалот, Џони Петрам, не ја одобрува оваа одлука, сметајќи дека ова е почеток на крајот на културата на вакви локали во Амстердам. Тој објаснува дека во своето кафуле дневно се послужуваат стотици гости, дури и луѓе кои овде доаѓаат само да се сликаат, а не да конзумираат марихуана. Исто така, напоменува дека само овде може да се забележат Израелци и Палестинци кои не само што го пијат кафето во мир, туку споделуваат и по некој џоинт.
Инаку, од деведесеттите бројот на
coffe shop-овите во Амстердам значително се намалува, но сè уште ги има во доволен број. Се смета дека секој трет турист кој доаѓа во градот, посетува некој од ваквите локали. Всушност, Амстердам е единствениот град во Холандија каде што марихуаната им е дозволена и на странците, што не е случај во останатите градови.