X
 01.11.2021 Живот

МОН: Грантови за 95 основни и средни училишта за унапредување на мултикултурализмот

Министерството за образование и наука објави Јавен повик за доделување грантови за основните и јавните средни училишта кои придонесуваат за развој и унапредување на мултикултурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранцијата.

Грантовите се во висина до 30.000,00 денари и ќе им бидат доделени на вкупно 95 училиштата, од кои 70 основни и 25 средни училишта, а селекцијата со рангирање ќе ја прави Комисијата за вреднување на пристигнатите апликации.

Ги охрабруваме училиштата да аплицираат со проекти за заеднички активности меѓу учениците, кои реализираат настава на различни наставни јазици.

Активностите кои ќе бидат поддржани со грант може да се реализираат самостојно во училишта во кои наставата се одржува на повеќе наставни јазици, или во партнерство со друго училиште. Ги охрабруваме училиштата да аплицираат со проекти за заеднички активности меѓу учениците, кои реализираат настава на различни наставни јазици, се вели во соопштението.

Аплицирањето трае до трети декември оваа година, а пријавувањето може да се направи на следниот линк Ms. Forms:
https://forms.office.com/Pages/ResponsePage.aspx?id=QSfKBfwhf06hy-c2FzfhPOEWDx3AtGNGpDA4x4JCZS5UQkhLWFQ2MTFGNkExWTZHRDQyNVpWOVVGOC4u

За аплицирање на Јавниот повик кој е поставен на MC Forms, потребно е училиштата да бидат најавени со официјалните кориснички сметки на @schools.mk.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот