X
 27.04.2018 Образование

Осум средношколци ја добија наградата „Лидер“ од МОН

Осум средношколци од земјава ја добија наградата „Лидер“ за најдобар ученик по струки од завршните години, а денеска им ги врачи министерката за образование и наука Рената Дескоска.



Наградата ја добија: Тијана Крстевска (економско-правна и трговска струка) од „Васил Антевски-Дрен“ од Скопје, Сања Георгиева (лични услуги) од „Димитар Влахов“ од Скопје, Никола Стоименов (електротехничка) од „Коле Неделковски“ од Велес, Ребека Колевска (хемиско-технолошка) од „Димитар Влахов“ од Струмица, Стефан Делев (машинска) од „Никола Карев“ од Струмица, Антонио Тренески (сообраќајна) од „Св. Наум Охридски“ од Охрид, Камелија Илиева (земјоделско-ветеринарна) од „Кочо Рацин“ од Свети Николе и Кристијан Стоимов (угостителско-туристичка) од „Коле Нехтенин“ од Штип.

Тие учествуваа на натпреварот чија цел беше да се поврзат теоријата и практичната работа за да можат учениците своето знаење да го преточат во изуми, кои подоцна ќе ги користат во наставата.



Во оваа учебна година за учество во натпреварите се пријавија средношколци од 21 образовен профил од осум струки - машинска, електротехничка, сообраќајна, економско-правна и трговска струка, земјоделско-ветеринарна, хемиско-технолошка, угостителско-туристичка и струката лични услуги. МОН го организира натпреварот четврта година, во соработка со Центарот за стручно образование и обука и со поддршка на професори од високообразовните установи во земјава и претставници на бизнис-заедницата.
Подготвил: В.И.И.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование