X
 07.09.2022 Наука

Научниците стравуваат дека работата на ЦЕРН е загрозена поради рестрикциите на струјата

Научниците од Европската организација за нуклеарни истражувања стравуваат дека претстојната енергетска криза може да го затвори Големиот хадронски судирач.

Ова го потврди и првиот човек на ЦЕРН, Серж Клод, кој истакна дека организацијата работи на можни решенија за проблемот.

Најлошото сценарио е Големиот хадронски судирач да биде исклучен на одредено време за да се намали потрошувачката на енергија, изјави Клод.

- Загрижени сме за стабилноста на енергетската мрежа и се обидуваме со сите средства да ги спречиме ограничувањата - вели шефот на ЦЕРН, додавајќи дека научниците ќе направат сѐ што можат за да го одржуваат судирачот во функција и да избегнат исклучување на системот вреден 4,4 милијарди долари.

Големиот хадронски судирач е еден од осумте судирачи лоцирани во џиновски подземен комплекс меѓу Франција и Швајцарија. Тој е и еден од најголемите француски потрошувачи на енергија и во одредени периоди на висок интензитет му требаат 200 мегавати електрична енергија.

Поради ова, ЦЕРН преговара со својот снабдувач со енергија, францускиот државен гигант „ЕДФ СА“, и сака однапред да добива предупредувања доколку треба да ја намали потрошувачката, како и за можни ограничувања.

Извор: b92.net
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука