X
 27.04.2023 Живот

Какви автомобили најчесто возат психопатите?

Веројатно сте слушнале за изразот „вози како психопат“, а можеби навистина постои врска помеѓу оваа состојба и возењето.

Британската компанија „Скреп кар комперисон“ направила истражување во кое 2.000 возачи на автомобили решавале тест за психопатски карактеристики. Биле донесени повеќе заклучоци.

Возачите на „бе-ем-ве“ имаат најголема психопатска наклонетост

Било откриено дека возачите за кои постои најголема веројатност дека се психопати се возачите на „бе-ем-ве“ со просечна оцена за психопатски карактеристики од 12,1 од максимални 36. Просечниот резултат на тестовите за сите возачи бил 6,6.


Фото: Pixabay

Потоа следуваат возачите на „ауди“ со просечна оцена за психопатија од 11,7. Следуваат возачите на „фиат“ (7), „мазда“ (6,4) и „хонда“ (6,3). Возачите на „шкода“ постигнале резултати далеку под просекот, односно само 3,2 и се на дното на листата.

Возачите на електрични автомобили добиле резултат од 16 на тестот за психопатија, што е повисоко од сите други автомобили. Возачите на хибридни автомобили добиле просечна оцена од 10, возачите на автомобили со дизел-мотори добиле просечна оценка од 7, а возачите на бензинци добиле просечна оцена од 5,2.

Возачите на автомобили со златна боја имале највисоки оцени за психопатија

Според истражувањето, возачите на автомобили со златна боја добиле просечна оцена од 12,7 од максимални 36 на тестовите за психопатија. Следуваат возачите на кафени автомобили и оние со зелена боја.


Фото: Pixabay

Според системот на бодирање во сите категории, оцената од 0 до 18 покажува дека нема знаци на психопатија, онаа од 19 до 26 е знак за можна психопатија, а оцената над 27 покажува дека лицето веројатно има психопатски карактеристики.

Извор: 24sedam
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот