X
 10.08.2021 Забава

Колку би чинела нова „Застава 101“ денес?

Автомобилот „Застава 101“, познат како „стоеден“, се произведувал во Крагујевац од 1971 до 2008 година, а бил дизајниран врз основа на тогаш модерниот „Фиат 128“.

Петтата врата била реткост и во тоа време, но овој модел бил најпривлечен поради поволната цена. Затоа, набргу станал најпродаван модел на „Застава“ во поранешна Југославија и се извезувал во рекордни количини.

Страницата на „Фејсбук“ наречена „Застава 101 форум“ објавила исечок од списанието „Авто“ од 1972 година. Тогашната цена изнесувала 40.040 динари, односно 2.084 долари.


Доколку се пресмета инфлацијата од претходните речиси 50 години, тоа би значело дека сосема нова „Застава 101“ денес би чинела 11.441 евро.

Извор: Nova
Фото: Wikipedia
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава