Шефовите на компанијата „Капела спејс“, која лансира модерен сателит, велат дека нивниот производ ќе ги унапреди животите и работата бидејќи ќе може да ги набљудува посеаните полиња и растенија преку облаците.
Уште од поставувањето на првиот сателит во орбитата на Земјата постои страв дека овие уреди, кои ги има во сè поголем број секоја година, не служат само за комерцијална цел. Веќе постои сомнеж дека станува збор за не баш легални намени. Досега сателитите со посериозни можности можеа да бидат ставени во орбитата само од држави и големи корпорации. Но, бидејќи стануваат сè помали и поевтини, веќе не е потребна голема економска моќ за да ги испратите да кружат околу Земјата.
Повеќе не е толку скапо да се направи технолошки напреден сателит. Доказ за тоа е американската компанија „Капела спејс“, која користи синтетички апетурен радар (Sunthetic Apeture Radar) кој НАСА го користи уште од 70-тите години. Станува збор за технологија што користи радиосигнал за да ја „осветли“ точката што сака да ја сними и собира податоци за одговорот на секој радиоимпулс што се одбива од таа точка, а потоа ги толкува тие „рефлексии“ со тоа што ќе направи детална снимка од нив.
На овој начин, во одредени случаи, сателитот може да „фати“ глетка и од затворен простор бидејќи не е ограничен со рефлексијата на светлината. Има можност да се фокусира на една точка 60 секунди, а добивате снимка со резолуција 50 х 50 сантиметри, што е максимално дозволено со законите на САД што ги покриваат комерцијалните сателити.
Во моментов има еден таков сателит во орбитата што се тестира, но договорите со оваа компанија се веќе потпишани од различни владини организации, но и од американското воено воздухопловство. Кога се испраќаат повеќе такви сателити во орбитата, тешко е да се замисли колкава моќ за надзор ќе има.
Сепак, од компанијата тврдат дека нивниот радар не може да сними ништо во внатрешноста на просторот што ќе го „фати“. Станува збор за истиот начин на кој сигналите за мобилни телефони или безжичен интернет минуваат низ ѕидовите.
И овие сигнали ослабуваат како што се оддалечуваат од нивниот извор, така што сигналот од нивниот радар е преслаб за детално да ја сними внатрешноста на просторот што го „фаќа“.
Планот е да се испратат вкупно 36 сателити
Од „Капела спејс“ велат дека планираат да постават 36 такви
сателити во орбитата што би можеле комбинирано да извршуваат набљудување каде било во светот на секој час. Засега, на државите и приватните компании им се нуди можност за снимање на која било точка во светот. Но, веруваме дека тоа нема да биде можно кога станува збор за воени бази или објекти, што не им е дозволено и на други слични системи.
Интересно е тоа што овој моќен сателит бил развиен од само 100 инженери, а има околу 100 шини и околу 400 метри кабел, а тежи 107 килограми. Софтверот што го контролира има околу 850.000 линии на код.
Извор:
Vecernji.hr
Фото: Capella Space