X
 07.10.2016 Технологија

Како Bluetooth го добил своето име?

Оваа технологија со сигурност ја користите секојдневно, но дали знаете како го добила своето необично име?

„Bluetooth“  го добил своето име според прекарот на кралот на Викинзите, Haraldu "Blåtandu" Gormssonu, се наведува на страницата на компанијата Ericsson која е заслужна за оваа технологија. Кралот Харалд владеел со Норвешка и Данска, а познат е по воспоставувањето комуникација меѓу овие земји.

Неговиот прекар  „Bluetooth“ (blátǫnn) се споменува во аналите од 1140 година, а се претпоставува дека го добил, бидејќи имал заб што изгледал како да е син.

Втората „теорија“ вели дека се облекувал во скапоцена сина облека за да го потенцира своето кралско потекло, иако  постојат и други приказни од кои ниту една не е докажана – освен дека неговиот надимак навистина постоел.

Логото на Bluetooth-от е спој од две руни, кои во тоа време на северот од Европа биле мошне популарни, а од истите се состојат и иницијалите на кралот Харалд.

Кралот Харалд ги обединил Норвешка и Данска исто како што Bluetooth технологијата ги поврзува на пример, компјутерите со мобилните телефони.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија