X
 24.01.2019 Живот

Тинејџер ги тужи родителите, бара отштета од 250.000 долари

Гејлорд Вилијамс (17), момче од американската сојузна држава Мисури, подигна обвинение против родителите зашто го крстиле Гејлорд (лорд на хомосексуалците). Отштетата што ја бара изнесува 250.000 долари.

Тинејџерот тврди дека во текот на детството имал многу непријатности, пред сѐ, зашто многу го задевале.
Обвинението кон Дејв и Керол Вилијамс гласи: умисла да му го направат животот на момчето несреќен, со тоа што му дале „застарено и стереотипно име“. Момчето пред судот изјавило дека смета оти тоа било така зашто тој бил несакано дете, па родителите му го дале тоа име како на жртва за искупување.

 - Неколкупати ми кажале оти сум случаен и дека сум им го уништил животот. Кога татко ми е пијан, дури и си признава дека ме крстиле така за да ми го уништат животот… Едвај чекам да станам полнолетен и да можам сам да си го сменам, без да барам дозвола - објаснува Гејлорд огорчено.

Родителите ги отфрлаат обвинувањата и тврдат дека го избрале тоа име оти многу им се допаѓало.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот