Холандските избори во средата беа најавени како тест за популизмот во Европа, откако минатата година Британцитет гласаа за напуштање на Европската унија и откако Америка го избра Трамп за претседател.
Со централно-десничарскиот премиер Марк Руте во трка за големата победа над Герт Вилдерс кој го претставува анти-исламот и анти-ЕУ ставовите, на останатите ЕУ влади кои се соочуваа со бран на национализмот конечно им олесни. Сепак, имаше и предвидувања дека Вилдерс заедно со екстремно десничарското движење низ Европа нема тивко да замре.
„Се чини дека Народната партија за слобода и демократија ќе биде најголемата партија во Холандија трет пат по ред. Вечерва славиме“, изјави Руте пред насобраните симпатизери на забавата после изборите.
Со 95% изброени гласови, партијата на Руте освои 33 од 150-те парламентарни седишта, што е за 8 помалку од пратеничките места кои ги освои во 2012 година. Вилдерс е втор со 20.
Европските лидери му честитаа на Руте со појавувањето на првите резултати. „Ова е вечер во која Холандија, после Брегзитот и после американските избори, кажа „стоп“ за погрешниот вид на популизам“, изјави тој.
Зошто победи Руте?
Руте, кој во поголем дел од кампањата се чинеше дека одржува темпо со Вилдерс, профитира од дипломатскиот ќор-сокак со Турција во текот на изминатата недела.
Конфликтот изби поради одбивањето на Холандија да им дозволи на двајцата турски владини министри да се обратат на собирот во Ротердам за референдум кој на претседателот Ердоган би му дал поголеми овластувања. Ова му даде можност на Руте да одбие да се „предаде“ на притисокот од меѓународната заедница, став со кој ја доби назад поддршката од нацијата.
Андре Кроувел, политички научник од Слободниот универзитет во Амстердам вели дека судирот со Анкара на премиерот му овозможи да му каже на гласачкото тело: „Ние сме тие кои навистина ги штитат вашите интереси, ние сме оние кои одат во ровови за одбрана на Холандија“.
Што ќе се случи со Вилдерс?
Вилдерс тврдеше што и да се случи на изборите, ваквиот вид на популистичка политика, претставена од него и други во Европа, нема туку така да исчезне.
Вилдерс можеби не победи, меѓутоа има причина да слави затоа што неговата партија успеа да добие плус 8 пратеници од 12-те кои ги доби претходните избори.
„Добивме пратеници. Направени се првите добивки“, изјави тој на Твитер.
Тој во четвртокот изјави дека неговата партија ќе биде подготвени да работи со новата влада - иако повеќето партии ветија дека нема да соработуваат со него.
„Би сакал да бидеме во владата со Народната партија за слобода и демократија, ако е можно. Но, ако не е возможно, ние ќе ја поддржиме владата, каде што е потребно, за прашања и проблеми кои се важни за нас“, изјави тој пред новинарите.
Изборниот манифест Вилдерс вклучуваше ветувања дека ќе ги затвори границите за имигрантите од муслиманските земји, ќе ги затвори џамиите и ќе го забрани Куранот, како и тоа дека
Холандија ќе излезе од ЕУ.
Историска ноќ за Гринлефт
Гринлефт сега е најголемата партија на холандската левица. Предводена од 30 годишниот Џеси Клавер, харизматичен лидер кој се поврзува со канадскиот премиер Џастин Трудо, партијата освои 16 пратенички места, наспроти 4-те кои ги имаше претходните избори.
„Ова е фантастичен резултат за нас, историска победа“, изјави портпаролката на партијата.
Коалицијата која партијата на Руте ја имаше повеќе не е опција, па премиерот ќе треба да ги разгледа десничарите за да избере нов коалициски партнер.