„Монопол – измамничко издание“ е името на новата форма на најпознатата друштвена игра што ќе биде издадена оваа есен во САД, по цена од 20 долари.
фотоизвор: YouTube/screenshoot
Избегнување на казните, затворот или некои други вообичаени правила на играта „Монопол“ тука нема да бидат предмет на расправа. Со своите механизми играта дури и ве тера да мамите, а за тоа ќе ви се нудат и пригодни бонуси.
Исто така, играта ќе дозволува да прескокнувате полиња, да ги отстранувате хотелите и куќите од имотите на соиграчите без нивно знаење.