1. Wi-Fi лозинка
Мојата цимерка ми должеше 10 долари за интернетот, но ми даде 7. Затоа ја сменив лозинката која имаше 10 букви, а неа ѝ кажав само 7 и ѝ реков дека ќе ги добие последните три откако ќе ми ги даде останатите пари.
2. Крадецот на сијалици
Кога моето момче и јас имавме огромна расправија, ги извадив сите сијалици од станот кога тој ќе излезеше. Ја извадив и таа од рерната, и онаа од правосмукалката (имаше сијалица). Си заминав од станот со ќеса полна со сијалици и отидов да спијам кај една другарка.
3. Истопеното сино сирење
Моето поранешно момче ме изневери, па за да му се одмаздам скрив по едно парче од сите видови сино сирење во неговиот автомобил.
4. Вода од WC
Еднаш, кога бев петто одделение, целото семејство ме изнервира. Мајка ми ме натера да ги пеглам алиштата на сите, па јас ја наполнав пеглата со вода од WC-то.
5. Четката и кучето
Кога бев средно, го мразев новото момче на мојата мајка, воглавно затоа што тој го мразеше моето куче. Еден ден, кога бев дома сам, ја зедов неговата четка за заби и му ја дадов на моето куче да ја излиже.
6. Изненадна достава
Едно момче постојано ми испраќаше голи фотографии на Snapchat, па направив screen shot од сите нив, ги испечатив и ги испратив на неговата мајка. Сега нема телефон.
7. Злобната маќеа
Еден викенд престојував кај мојот татко но за жал се разболив толку многу што не можев да станам од кревет. Но, мојата злобна маќеа ме натера да станам и ми даде обврски низ куќата. Кога ја поставував масата, ја излижав цела нејзина чинија, ножот и вилушката.
8. Свадба
Отидов на свадбата кај моето поранешно момче како девојка на кумот.
9. Компир
Кога бев помал, исеков дупка на чорапите на мојата сестра само затоа што не ме остави да го изедам последниот компир.
10. Хакиран Instagram
Неодамна открив дека мојата поранешна другарка зборуваше лоши работи за мене. Затоа го хакнав нејзиниот профил на Instagram и го избришав секој нејзин пост.