X
 07.11.2018 Култура

„Боемска рапсодија“ во првата недела заработи 122 милиона долари

Приказната за раѓањето на легендарната британска рок-бенд „Квин“ и за нејзиниот фронтмен Фреди Меркјури, „Боемска рапсодија“, во првата недела од прикажувањето заработи 50 милиони долари во киносалите во САД и во Канада и уште 72,5 милиони низ светот.

Тоа е далеку над очекувањата бидејќи првичните прогнози посочуваа дека таа сума би била околу 40 милиони долари. Филмот е во режија на Брајан Сингер, а улогите ги толкуваат: Рами Малек, Бен Харди, Џо Мазело и други.

Филмот е на репертоар во киното „Синеплекс“ во Скопје.


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура