Објавена е друга верзија од песната „Time“ што ја пее Фреди Меркјури по долгата потрага по снимката, која била направена во лондонското студио „Еби Роуд“ во 1986 година.
Во придружба само на клавир, покојниот фронтмен на групата „Квин“ пее едноставна верзија на песната „Time“, што ја снимил како соло пејач со британскиот музичар и продуцент Дејв Кларк за истоимениот лондонски мјузикл.
Верзијата е драматично различна од онаа што ја знаеме денес, а видеото ја прикажува прекрасната изведба на Меркјури.
- Дејв Клар секогаш се сеќава на изведбата на Фреди Меркјури во студиото во 1986 година. Чувството што го имал за време на оригиналната проба, предизвикало морници кај него и не исчезнало и покрај тоа што поминале децении. Тој сакал уште еднаш да ја слушне изведбата на
Меркјури. По долго барање, конечно беше пронајдена верзијата без пратечки вокали - вели изјава од „Јуниверсал Мјузик“.