X
 07.11.2019 Живот

Фестивал на „Блуз фамилија“ со д-р Паскалов. Уживање за блузерите, донации за деца

Еден лекар, еден економист и шестмина професионални уметници и музичари, водени од желбата да направат нешто уникатно, не само во Македонија туку и во целиот регион, напролет ќе го организираат првиот акустичен блуз-фестивал кај нас, а парите од влезниците на главниот настан ќе се донираат во одделот за онкологија на Клиниката за детски болести. Сите заедно го прават здружението на љубители на блуз-културата „Блуз фамилија“, во кое ги обединуваат љубовта кон музиката, желбата за промовирање на македонски блуз-артисти и хуманоста, да се помогне онаму каде што е најпотребно.

В сабота како увертира на фестивалот, во скопскиот клуб „Амбрела“ како акустично блуз-дуо ќе настапат Венко Серафимов и Љубиша Јовановски. Фестивалот е планиран за 28 и 29 мај 2020 година.
Од „Блуз фамилија“ велат дека досега наидуваат главно на позитивни реакции, на желба за промовирање на македонската блуз-музика, да се задржи изворната блуз-форма, да се придонесе за подигнување на културата дома и паралелно со тоа да се соберат средства да се помогне некому.

Прочитајте повеќе на Деца.мк.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот