X
 16.10.2016 Живот

Што децата никогаш нема да заборават за своите родители?

„Родителите ретко заминуваат од нивните деца, децата се тие што заминуваат од родителите. Децата продолжуваат напред, се тргнуваат на страна. Моментите што ги дефинирале се оние во кои имаат свои лични достигнувања.“ – Пауло Коелјо

Воспитувањето
на децата е најважната работа за секој што ќе ја прави. Таа бара необјаснива количина на грижа, нега и љубов – многу повеќе од она што би можело да се замисли пред да се стане родител. Без разлика дали сте мајка или татко, одговорни сте за многу искуства што ќе му го променат животот на детето. Еве 7 такви лекции што децата ќе ги запаметат најмногу од своите родители:

1. Кога сте им дале вистинска одговорност: дури и ако не сте ја предале целосно одговорноста за одредена работа, секогаш кога сте покажале дека може да им се верува да пробаат и живеат по вашиот пример, биле возбудени и горди.

2. Милозвучниот тон на вашиот глас: иако секогаш вложувате напор да ги најдете вистинските зборови, она што најмногу ги импресионира децата е начинот на кој зборувате со нив. Можеби сте покажале дека сте строги со нив додека сте му зборувале, но љубовта и грижата во гласот ќе останат со нив секогаш.

3. Кога сте ги признале вашите несовршености:
за децата е стресно да се обидуваат да живеат според неверојатен пример ако веруваат дека сте без безгрешни. Иако е тешко за вас, треба да знаете дека од суштинска важност за нивната самодоверба и за вашиот однос еда им ги откриете вашите слабости.

4. Јасните граници што сте им ги поставиле: на децата им е потребно да знаат какви граници вие ќе поставите, до каде може да одат и разликата меѓу правилното и погрешното. Овие граници му ги поставувате автоматски со грижата за нивната безбедност што ја покажувате.

5. Кога целосно ќе ги изненади нешто од вас:
удобноста со рутината и границите е во ред, но тие ќе запаметат кога сте ги изненадиле и сте им го разубавиле секојдневието. Без ралика дали е подарок или патување, овие искуства ќе ги возбудат повеќе од сé.

6. Спонтаното „смеење со стомакот“ што сте го споделиле со нив: најубавите моменти не се планирано. Токму тие ситуации на споделена радост вредат многу повеќе од било што, а спомените од нив им служат како потсетник дека во иднина треба да минувате уште повеќе време заедно.

7. Кога сме им го подариле (речиси) целов ваше време:
иако повремено сте си посветувале време за себе детето ќе запамети кога со часови сте се дружеле. Тоа се едни од најубавите негови спомени и најдобрата инвестиција што би можеле да ја направите за да имате здрав однос со вашето дете.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот