X
 26.12.2016 Живот

Враќање во 1954 година: „Што сакам да бидам кога ќе пораснам?“

Во 1954 година во првата година од неговото вработување во училиштето Мејџор Балачи , Кен Симонс на своите ученици им дал задача во една тетратка да запишат што би сакале да бидат кога ќе пораснат.

60 години подоцна, тој се'уште ја чува оваа тетратка и на организираниот ручек со неговите ученици, кои сега се во нивните седумдесетти години, тие имаа можност да погледнат за што сонувале кога имале 10 години и дали нивните соништа се поклопуваат со животот кој го живееле во изминативе години.

„Сакав да бидам медицинска сестра, и токму тоа станав“, вели Кетрин Оливер, една од ученичките.

Тетратката изобилуваше со различни професии - од пливачи до мисионери, бејзбол играчи, стујардеси, медицински сестри...
Меѓутоа, не сите ученици од класот останале со истите соништа.

1
Фото: CBC

„Не знам зошто, но реков дека сакам да бидам пливач, а не ни знаев да пливам“, вели Хелен Ниблок, која стана извршна секретарка.

„На крајот од годината наставникот ни рече да напишеме што сакаме да бидиме кога ќе пораснеме“, се сеќава Марго Вајт. Кога Симонс започнал да предава имал само 23 години и само што дипломирал од колеџот за наставници.

„Времето лета. Се сеќавам на фотографијата - беше направена во 1954 година“, вели Симонс.

2

Тој заедно со уште неколку ученици имаат ваква средба два пати во годината уште од 2005 година.

„Симонс беше навистина посебен наставник на кој секогаш ќе се сеќаваме“, вели Ниблок.

„Неговата љубезност е она што најмногу се забележува“, вели Лин Барџер.

„Се чувствувам навистина почестен“, изјави Симонс.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот