X
 02.01.2016 Технологија

Фосилните горива ќе се користат многу подолго од очекуваното

Доколку мислевте дека зголемувањето на популарноста на електричните автомобили ќе го предизвика падот на фосилните горива во индустријата, грешите.


Според Организацијата за земји-извозници на нафта, 94% од автомобилите низ светот сè уште ќе возат на фосилни горива до 2040 година.

Во годишниот извештај, организацијата претпоставува дека електричните возила ќе сочинуваат само 1% од глобалниот пазар на автомобили до истата година. Хибридите, пак, ќе сочинуваат 14% од пазарот дотогаш.

Организацијата посочува дека хибридите ќе се продаваат повеќе и автомобилите ќе станат поефективни, но побарувачката за нафта ќе продолжи да расте во текот на следните 25 години, особено во Кина и Индија.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија