X
 16.06.2022 Забава

Концерт предизвикал мал земјотрес во Берлин

Германски научници веруваат дека публиката на концерт на „Флоренс енд д машин“ во Берлин предизвикала мал земјотрес.

Жителите на Нојкелн, Берлин, почувствувале мало тресење во петокот вечерта и мислеле дека станува збор за земјотрес. Меѓутоа, научникот за податоци Јенс Скапски сакал да дознае повеќе за случајот бидејќи земјотресите се ретки во Берлин.

Тресењето траело една минута и се почувствувало најмногу во близина на местото каде што се одржувал фестивал на кој настапувал бендот „Флоренс енд д машин“. Повеќе сеизмолошки станици регистрирале земјотрес со јачина од 1,4 степен.


Според Скапски, овој земјотрес ги немал карактеристиките на нормален земјотрес, па сигналите веројатно потекнувале од концертот.

Корисници на социјалните мрежи што присуствувале на концертот потврдиле дека публиката скокала за време на изведбата. Според Скапски, подот веројатно ја апсорбирал енергијата од скокањето и ја пренел во околината.

Извор: Indy100
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава