X
 07.12.2021 Наука

Кина летово успешно го сменила времето во Пекинг

Кина успеала да ги смени временските услови, покажува ново истражување. Истражувачи од Универзитетот во Цингхуа велат дека властите успешно го смениле времето над Пекинг за да го исчистат небото и да го намалат загадувањето за време на прославите за 100-годишнината од постоењето на Комунистичката партија на Кина.

Властите успеале да го сменат времето со процес што вклучува исфрлање честички од сребрен јодид во облаците.

Минатата година се појавиле написи во медиуми дека Кина сака да ја тестира технологијата за промена на временските услови на локација од 14 милиони квадратни километри до 2025 г. Тоа е поголема површина од онаа на цела Индија.

Истражувачите од Универзитетот во Цингхуа се фокусирале на докази за реализација на процесот како сведоштва за лансирање ракети во небото пред прославата и остатоци од ракета најдени подоцна. Истовремено, загадувањето во Пекинг, кое секоја година е многу високо, ова лето било оценето како умерено до добро.

Извор: Futurism
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука