До петок времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со умерен, на места засилен ветер од југозападен правец. Утре попладне во западните делови врнежите наместа ќе бидат пообилни, а в четврток ќе има услови за појава на ретки грмежи.
Потоа времето ќе биде стабилно и релативно топло, соопшти УХММР.
Утринските температури ќе бидат во интервал од 5 до 14, а максималните дневни ќе достигнат до 27 степени.
Извор: МИА